
Алекс Фергусон во минатото имаше доста успех со младите селекции, а на повидок е уште една златна генерација. Едно од најмоќните оружја на Манчестер Јунајтед се токму младите играчи, кој од мали нозе тренираат за овој тим. "Имаме доста успех во развивањето на младите играчи во Манчестер, тоа за нас е голема предност во однос на другите тимови" изјави Фергусон. Фергусон верува во добрите игри на Хернандез и Македа. Овие два играчи одиграа добар меч против 11-та екипа во МЛС лигата на кој Манчестер славеше со 5:2. "Морам да ги задржам во тимот Македа и Хернандез, кој неодамна и се приклучи на Манчестер Јунајтед. Тука не е само талентот во прашање, за фудбал сепак е потребно и нешто повеќе од тоа" додаде Ферги.

Засилувањето на Манчестер Сити Јаја Туре изјави дека понекогаш треба да се биде и реален. Новопечениот играч на Сити, смета дека примарната цел на неговиот тим треба да биде освојување на позиција која следната година ќе води во Лигата на Шампионите. Тој смета дека пореално е работите да се гледаат од овој агол, него од аголот во кој се гледа Манчестер Сити како шампион во Премиер лигата. "Многу сум среќен што дојдов во овој клуб и се надевам дека ќе имаме доста успеси во следната сезона" изјави Туре. "Од тимот очекувам да се избори за третото или четвртото место на табелата што би значело и пласман во Лигата на Шампионите. За евентуална титула мислам дека е рано, за тоа треба да размислуваме дури по една година. Мислам дека моменталната конкуренција за тоа место е многу силна" додаде Туре.

Англискиот дневен весник "Дејли Меил" обвинува дека при победата на Ливерпул во Скопје синоќа од 2:0, во рамките од 3-то квалификациско коло од Лига Европа имало расистички испади кон нивните два црномурести играчи Н'гог и Амо. "Дејли Меил" истакнува дека и претходно имало проблеми во Македонија со расистичко навивање, откако во септември 2003-та година, Емили Хески, Сол Кембел и Ешли Кол биле расистички навредувани при квалификацискиот меч со Македонија. Потоа македонскиот фудбалски сојуз е казнет со 10.730 фунти. Овие наводи зачудуваат и се во спротивност на изјавите на менаџерот Рој Хоџсон кој изјави по натпреварот дека амбиентот на стадионот бил фантастичен, а публиката брилијантна. Немаше никакви расистички повици кон црните фудбалери на Ливерпул, туку негодувања против Сотирис Киргијакос кои ги има на секој англиски стадион кога се навива против омразен фудбалер.

Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез признал дека следната сезона би сакал во нападот на Манчестер Сити да заигра со Шпанецот Фернандо Торес.
"Торес сигурно би го направил нашиот тим подобар. Тој е еден до водечките напаѓачи на светот и би сакал да биде мој соиграч" - изјавил 26-годишниот Аргентинец.
Англиските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Торес ова лето ќе го напушти Ливерпул, а како најголеми кандидати за негов ангажман се споменуваат Сити и Челзи.
"Минатата сезона се боревме за место во Лигата на Шампионите. Не се соменвам дека оваа сезона ќе успееме да се избориме за таа цел и ќе се бориме за титулата прваци. Никогаш не зажалив што дојдов во Сити, тоа е најдобрата одлука која сум ја донел во животот" - порачал Тевез.

Ѕвездата на Милан, Роналдињо веќе е се посигурно дека и во новата сезона ќе остане да игра на "Сан Сиро". Ова го објави неговиот брат и менаџер Роберто де Азис, кој вчера имаше долг состанок со потпретседател на "росонерите" Адријано Галијани.
Според зборовите на менаџерот, Роналдињо доби нов три годишен договор, но за помала плата од досегашната.
"Роналдињо сигурно останува во Милан. Тој доби понуда за нов договор, но ќе мора да размислиме за ова прашање. Во него е предвидено намалување на платата, но тоа не е проблемот. Роналдињо сака да остане во Милан и да се бори за освојување на нови трофеи. Него не го интересираат многу парите“, изјави братот на Роналдињо, Де Азис.

Напаѓачот на Хамбургер, Руд Ван Нистерлој мисли дека трансферот на Раул во Шалке ќе биде од исклучителна полза за Бундеслината.
Сега веќе поранешниот капитен на Реал Мадрид официјално го напушти кралскиот клуб и се очекува својата кариера да ја продолжи во тимот од Гелзенкирхен, покрај што неговиот трансфер сеуште не е официјализиран.
„Ова е добра вест. Се повеќе големи имиња на европскиот фудбал доаѓаат во Германија“, изјави Ван Нистерлој кој одлично го познава Раул со оглед дека беа клубски колеги во Реал.
„Претходно само во Баерн имаше ѕвезди, но веќе не е така. Сега и другите клубови почнаа да земаат големи имиња. Михаел Балак ќе се врати во Леверкузен, а Раул ќе потпише за Шалке“, дополни холанѓанецот.
Замолен да го прокоментира евентуалниот трансфер на поранешниот шпански репрезентативец на Фелтинц Арена, Ван Нистерлој кратко и јасно изјави:
„За него тоа ќе биде еден голем чекор. Мислам дека тој ќе премине во Шалке и без проблем ќе се навикне на новата средина. Раул е навистина фантастичен играч, фудбалер од највисоко ниво, неверојатен професионалец“.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон очекува Руни по слабиот настап на Светското првенство да се врати во одлична голгетерска форма. Фергусон е убеден дека со созревањето на Руни како играч тој ќе се претвори не само во мошина зса голови туку и во совршен фудбалер. Руни имаше слаб настап на Светското првенство во Јужна Африка, кој постигна само еден погодок откако неговата репрезентација беше елиминирана во осминафиналето. Меѓутоа Фергусон верува дека неговиот миленик многу брзо ќе се врати во препознатливиот сјај."Руни имаше одлична сезона, доста напредуваше во фазата од нападот и очекувам уште подобри изданија од него во следната сезона" изјави Ферги. "Постигна преку 30 погодоци и ја постави својата игра на повисоко ниво. Тој е наоружан со многу голем талент, но треба уште малку да созрее. Тогаш ќе стане совршен играч", додаде Сер Алекс.

Марио Балотели е на чекор од трансфер во Манчестер Сити. На играчите на Интер им здосади гледајќи како ја руши атмосферата во соблекувалната.
Иван Кордоба признал дека Балотели сеуште прави проблеми во Интер и го советувал да ја промени средината.
"Балотели константно прави проблеми тој не знае што прави, тоа повеќе не може да се поднесе. Го советувам да си најде нов тим и да си пронајде мотивација која во овој момент му недостасува."
Тој само потврдил дека на соиграчите на Балотели им здосадило да ги трпат неговите изјави на бес, па се укажува на тоа дека младиот напаѓач набрзо ќе го промени клубот. Манчестер Сити засега е најблизу да го ангажира.



