03.09.2010
Кеита: Ни јас не разговарам со Гвардиола

Играчот за врска на Барселона и репрезентацијата на Мали, Сејду Кеита (30) го прокоментирал својот однос со актуелниот тренер на клубот Пеп Гвардиола.

Откако претходно сега веќе поранешниот играч на Барселона, Златан Ибрахимович изјави дека има многу лоша комуникација со Гвардиола, и дека поради тоа и замина во Милан, Кеита изјавил нешто слично, иако без негативна конотација.

"И јас исто така не разговарам со Гвардиола. Овде сум да работам и заработувам. Тренерот со мене разговара на теренот и секогаш се грижи да бидам способен да допринесам за тимот на најдобар начин." - рекол Кеита, запрашан за коментар за односот меѓу Гвардиола и Ибрахимович.

Неодамна репрезентативецот на Мали потпиша 4-годишно продолжување на договорот со Барселона, кој го врзува за "Камп Ноу" до 2014. година.

 

03.09.2010
Блан: Играчите да ја научат "Марсељезата"

Новиот француски селектор, Лорен Блан им го поделил текстот со зборовите од химната, за играчите истата да ја пејат и со тоа да го покажат новиот тимски дух на фудбалската репрезентација на Франција.

Секако, секој има право да избере дали ќе ја пее химната, но Блан вели дека е сигурен дека поголем дел од неговите избраници ќе ги научат зборовите.

"Некои од нив велат дека не ја пееле досега химната, бидејќи не ги знаеле зборовите, сега тој изговор отпаѓа." - јасен е новиот селектор.

Тој верува дека тимскиот дух е најважната работа.

"Не е доволно само да се имаат квалитетни играчи. Тоа е многу важно, но кога не функционираат како тим се случуваат неуспеси" - потсетува Блан на срамната епизода на Мундијалот.

Франција ги отвора квалификациите за ЕП 2012. година против Белорусија.

 

03.09.2010
Алегри: Мораме да играме финале во Лигата на Шампионите

Напаѓачки фудбал и финале во Лигата на Шампионите со што би ги оправдале аквизициите во преодниот рок најавува тренерот на Милан, Масимилијано Алегри. "Росоњерите" ја запрепастија конкуренцијата со доведувањето на Златан Ибрахимович и Робињо, довчерашните играчи на Барселона односно Манчестер Сити. Тоа помалку го изненади и тренерот Алегри кој е свесен што доби во својте раце па храбро најавува големи успеси во новата сезона. "Нашиот тим е одличен, со нив мораме да дојдеме до финалето во Лигата на Шампионите." На прашањето дали неговите звезди можат да играат заедно тој одговори: "Секако дека можат, но тоа ќе зависи од натпреварот. Да им дадеме за почеток малку време да се запознаат." Ситуацијата во клубот чии тренер беше од 2001 до 2009 година ја прокоментира и поранешниот тренер на "Росоњерите", Карло Анчелоти. "Милан сега е моќен, а четворицата напаѓачи сега можат да играат истовремено."

03.09.2010
Мурињо задоволен што Ибрахимович замина во Милан

Тренерот на Реал Мадрид , Жозе Мурињо изјави дека е задоволен од трансферот на Златан Ибрахимовиќ од Барселона во Милан. Португалскиот фудбалски стручњак одлично ги познава квалитетите на Ибрахимовиќ додека му беше тренер во Интер и не би сакал да му биде директен противник на неговите играчи но и да биде дел од екипата на Барселона која е главен конкурент за освојување на титулата во Шпанија. Од друга страна против Милан ќе играат во Лигата на Шампионите каде се во иста група и каде Ибрахимовиќ ќе му биде еден од фудбалерите против кого ќе мора да се сретне. "Повеќе сакам Ибрахимовиќ да е во Милан отколку во Барселона. Против него ќе се сретнеме само двапати во Лигата на Шампионите, додека ако останеше во Барселона против него ќе бевме цела сезона. Тој е одличен играч" изјави Мурињо.

02.09.2010
Се врати Зизу! На еден ден...

Легендарниот Зинедин Зидан се појави во кампот на француската репрезентација во Клерфонтен, за да го покрене моралот меѓу "триколорите" пред стартот на квалификациите за Континенталниот шампионат.

Новиот селектор Лоран Блан сакал своите избраници да ги потсети на заборавените вредности и да ги инспирира пред новата страница, по онаа темна на Мундијалот, која Французите сакаат да ја заборават.

Поради тоа ги повикал своите соиграчи со кого го покорија светот и Европа, Зинедин Зидан и Фабијан Бартез.

Секако целото внимание било насочено кон еден од најдобрите во историјата, кој тренирал со националниот тим. Се работело на техничката подготвеност, а присутните велат дека од страна никој не можел да му пријде на популарниот Зизу.

"Играв со него, тој секогаш имаше посебен однос со топката. Тоа не може да се научи, со тоа се раѓаш. Но, голема придобивка е тоа што играчите имаа можност да тренираат со вистинска легенда, човекот кој секогаш беше пример во францускиот фудбал" - рекол Блан.

02.09.2010
Ибра: Гвардиола е мал тренер

Златан Ибрахимович продолжи со критиките кон Пеп Гвардиола. Сега изјави дек аШпанецот е мал тренер. Швеѓанецот изјави дека не му е јасно што имал Гвардиола против него и додаде дека му е мило што конечно ја напуштил Барселона. "По мое мислење, голем тренер ги решава проблемите, малите тренери бегаат од нив. Постоеше само една особа која сакаше да се ослободи од мене" објасни Ибра зошто тој го напушти "Камп Ноу". Тој додаде дека Гвардиола е првиот тренер во неговата кариера со кој имал проблем. "Никогаш сум немал проблем ниту со еден тренер во мојата досегашна кариера. Но одеднаш имав милион проблеми и не комуницирав со 'филозофот'. Воопшто не разговаравме. Не знам што беше неговиот проблем. Не можев тоа да го издржам. Немав избор и морав да побарам ново работно место, а имав голема среќа да заминам во клуб како што е Милан. Имам 28 години и не можев да дозволам да седам на клупа и да гледам во небо" изјави Ибра.